Штутгарт го обжали црвениот картон на капитенот: Тоа е очигледна грешка на судијата…

60

Штутгарт го обжали црвениот картон што го доби нивниот капитен Атакан Каразор на саботниот меч со Волфсбург. Според „швабите“ главниот судијата Свен Јаблонски направил грешка која подоцна ја признал.
Тоа беше очигледна судиска грешка за вториот жолт картон на Каразор, па така ние ќе ја обжалиме одлуката“, изјавија од Штутгарт.

Каразор беше исклучен од игра во 63 минута, откако Јаблонски процени дека играчот направил прекршок над Максимилијан Арнолд. Телевизиските снимки покажуваат дека попрво Арнолд го фаулира Каразор отколку обратно.

Бидејќи ситуацијата беше за жолт картон, системот за повторување немаше право да интервенира.
Посакувам да имам можност да видам реприза на екранот. Тоа беше ситуација која многу влијаеше на текот на натпреварот“, изјави главниот судија.
Волфсбург и Штутгарт завршија со резултат 2:2, а во моментот на исклучувањето на капитенот на гостите резултатот беше 1:1.

ПретходноРакометарките убедливо поразени од Австрија на вториот тест
СледноДејан Георгиевски со сребро ја отвори новата олимписка сезона!