Адеми: Нема да ги повикувам навивачите, но ќе им порачам дека ќе гинеме на терен!

155

Динамо Загреб вчера со својот старо – нов тренер Ненад Бјелица успеа да ја декласира Локомотива со 5:1. Еден стрелците на тие голови беше и нашиот интернацоналец Аријан Адеми.

По тој меч свој коментар даде самиот Адеми:

Бјелица е одличен тренер, знае што прави, мораме да го следиме. Секако дека не смееме да го заборавиме ни досегашниот стратег Сергеј Јакировиќ кој направи големи работи за Динамо“.

Во среда на “Максимир“ во Загреб, во рамките на 2.коло во Лигата на Шампионите доаѓа Монако:

ЛШ е нешто друго, тоа е посебна категорија на напреварување. Таму секоја грешка скапо се плаќа. Ќе сториме се тие грешки да ги сведеме на минимум. Се надевам дека нашиот тренер добро ќе не подготви. Нема да ги повикувам навивачите, само ќе им порачам дека ќе гинеме на терен за Динамо. Тоа нека го очекуваат од нас во иднина“ посочи Адеми.

ПретходноПознато е на кој стадион ќе се игра финалето на Светското клупско првенство!
СледноКомпани за повредата на Кејн: Не сум доктор, но се надевам дека ќе биде подготвен за Астон Вила!