Бутел без проблем го мина Радовиш

51

Четвртото коло во Супер-лигата е комплетирано со дуелот меѓу Радовиш и Бутел Скопје. Победник од оваа средба излезе тимот предводен од Горан Кузманоски, кој ја оправда фаворитската улога, славеше со 28-37.

За Бутел Скопје ова беше втора победа оваа сезона, има и два порази, додека на другата страна Радовиш има скор од четири порази.

Гостинскиот тим имапе водство во текот на целиот меч, во првото полувреме поведе со 10-15, на одморот домаќинот успеа да намали на 16-19. Во продолжение Бутел го задржа ритамот и не му дозволи на противникот да помисли на пресврт, успеа да дојде до двоцифрено водство од 22-32.

Узунчев со 14 гола беше прво име кај победникот, кај поразениот состав Јанковски имаше девет погодоци.

По четвртото коло Алкалоид и ГРК Охрид се двата единствени тимови без пораз.

ПретходноНов голем кикс на Тен Хаг, Тотенхем го растури Јунајтед!
СледноЕ тоа е махер – Навивач си „лапна“ 40.000 евра поради неверојатен гол од пола терен (видео)