Дејан Георгиевски со сребро ја отвори новата олимписка сезона!

110
Нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски со две доминантни победи над Насо Марко од Италија и Плонис Артсиом од Белорусија стигна до финале на Тирана Опен Г1.
Во битката за злато беше тесно поразен од Сотириос од Грција. Финалето Дејан се бореше со мала повреда за која во стручниот штаб се надевале дека ќе ја санираат.

Ова е убав почеток и значајни бодови за олимпискиот ранкинг.

Она што е важно да се спомене е тоа дека денеска Дејан го елиминираше белорусинот Плонис кој на олимписките квалификации за Париз го спречи да обезбеди норма.

ПретходноШтутгарт го обжали црвениот картон на капитенот: Тоа е очигледна грешка на судијата…
СледноНов голем кикс на Тен Хаг, Тотенхем го растури Јунајтед!