Еден навивач на Спарта Прага освои џек-пот од 1 милиони чешки круни или околу 40.000 евра откако постигна гол од половина терен. Во забава за навивачите за време на полувреме, фан на Спарта беше избран од трибините да шутира од центарот на теренот. Но не само да го погоди голот, туку да ја протне топката низ дупка поставена на гол линијата.
Во стилот на голфер, навивачот шутна и топката се истркала до голот и помина низ дупката и заврши во мрежата.
🇨🇿😅 This Sparta Prague fan won around €40,000 for scoring during a half-time competition! ❤️ pic.twitter.com/Xwlby1pebC
— EuroFoot (@eurofootcom) September 29, 2024