Магија на Меси за спас на Интер Мајами (ВИДЕО)

175

Интер Мајами успеа да извлече нерешено 1-1 на домашен терен против Шарлот во 31. коло од регуларниот дел од сезоната на МЛС.

Херој за домаќините повторно беше Лионел Меси, кој го постигна израмнувачкиот гол во 68. минута, откако Карол Швидерски претходно ги доведе гостите во водство во 57. минута. Аргентинецот ја прими топката пред шеснаесетникот и со одличен удар не му остави никаква шанса на противничкиот голман.


Ова беше трето реми во низа за Интер Мајами, кој, сепак, продолжува да биде убедлив лидер во Источната конференција со 65 бода, 8 повеќе од второпласираниот Колумбус Кру. Шарлот се најде на 7-та позиција на табелата со 42 бода.

ПретходноСамарџиќ во 90. минута ја спаси Аталанта од пораз во Болоња (видео)
СледноРеал Мадрид се сврте кон дефанзивец на Јунајтед