Мото ГП: Доминација на Мартин во Индонезија!

34

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин е победник во Мото ГП трката која утринава се возеше на патеката “Мандалика“ за ГН на Индонезија. Шпанецот целосно доминираше ако се знае дека беше водечки од стартот па до целта.

На второто место заврши Педро Акоста кој имаше 1,5 скекунда заостанување, а трет на подиумот беше Франческо Пеко Бањаја кој вчера победи на спринтот.

Покрај доминацијата на Мартин оваа трка го одбележа и тоа што истата не ја завршија Марк Маркес и Енеа Бастијанини.

На осумкратниот шампион моторот му се запали, а Италијанецот излета од патеката.

По се ова Мартин ја зголеми предноста во генералниот поредок и сега има +21 бодови пред Пеко Бањаја во битката за титулата.

ПретходноЗабава во сино-бела светлина: Во Аеродром пристигна 30. јубилеен трофеј (ВИДЕО)
СледноПознато е на кој стадион ќе се игра финалето на Светското клупско првенство!