Невил: Ова е едно од најлошите изданија на Јунајтед под водство на Тен Хаг!

258

Манчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите навивачи. По последната шлаканица, поразот од 0:3 од Тотенхем на „Олд Трафорд“, позицијата на Ерик тен Хаг е доведена во прашање.

По катастрофата на натпреварот следуваат тешки денови за Холанѓанецот и неговите играчи, кои сега ги чека гостувањата кај Порто во Лига Европа и Астон Вила во Премиер-лигата.

Гери Невил, поранешниот капитен на Јунајтед, е разочаран од последното издание на тимот. Тој не штедеше зборови кога го критикуваше својот поранешен клуб.

„Притисокот ќе се зголеми оваа недела, дефинитивно ќе биде брутално. Беше лош ден за Тен Хаг, навистина лош ден. Ова е едно од најлошите изданија што сум ги видел под водство на Тен Хаг и тоа кажува нешто. Навистина е лошо,

Тотенхем беше извонреден. Навивачите на Јунајтед го исвиркаа судијата, но судијата не беше половина од приказната“.

 

ПретходноЕ тоа е махер – Навивач си „лапна“ 40.000 евра поради неверојатен гол од пола терен (видео)
СледноПоклон за оваа дама: Катерина Шиповиќ истрча неверојатни 246 километри на „Спартатлон 2024“