Попладнево се одиграа сите шест средби од 8.коло во ПМФЛ. Под Шара домапшната Шкендија со 4:0 успеа да го победи Вардар и тоа со головите на Трумчи, Ибраими, Ахмеди и Ф. Рамадани во меч кој во средина од второто полувреме беше хаотичен. Треба да се каже дека голманот на гостите Гачевски беше удрен од страна на публиката.
Интересно и тензично беше и во Струга каде имаше тензии во 85,минута по израмнувачкиот гол на Симоновски за 2:2. Со овој резултат заврши ова дерби.
Работнички успеа даго победи Шкупи во градското дерби. Регба и автоголот на Пинтер беа головите за победникот. Нема што, Работнички со гази во оваа сезона.
Тиквеш и Силекс одиграа без голови во Кичево, значи кавадарчани повтрно не усеаја да постигнат гол.
Брера с ефектни 4:0 го победи Пелистер. Одлично издание на струмичани под водство на Горазд Михаилов.
Беса со голот на Селмани ја победи Воска со 1:0, Захов одбрани пенал со што ја сочва победата на својот тим.
РЕЗУЛТАТИ – 8.КОЛО
БРЕРА – ПЕЛИСТЕР 4:0
(Ристовски 45+2., Јанкулов 47./Ивковиќ 61., Тодоровски 68.)
БЕСА – ВОСКА 1:0
(Селмани 11./)
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2:1
(Регба 38., Пинтер (авт) 56./)
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 4:0
(Трумчи 3., Ибраими 13., Ахмеди 27., Ф. Рамадани 73./)
СТРУГА ТЛ – ГОСИВАР 2:2
(Кехинде 25, Хамзиќ (авт) 45+2./Ајдоган 36., Симоновски 85.)
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0:0
ГОЛОВИ
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 4-0
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-1
СТРУГА – ГОСТИВАР 2-2
БЕСА – ВОСКА 1-0