Поклон за оваа дама: Катерина Шиповиќ истрча неверојатни 246 километри на „Спартатлон 2024“

82

Катерина Шиповиќ успешно го заврши „Спартатлон 2024“ кој се одржи во Грција надминувајќи ги сите препреки, пред се временски и супер тешка маршута. Таа зад себе голем број најдобрите ултрамаратонци од целиот свет.

Шиповиќ успешно истрча неверојатни 246 километри за 34 часа и 29 минути, со ова време го освои 22-то место во женска конкуренција оставајќи 62 светски ултрамаратонки зад себе.

По овој голем подвиг, Македонија доби уште една хероина во името Катерина Шиповиќ, која уште еднаш потврди дека припадничките од понежниот пол се храбри и големи борци.

ПретходноНевил: Ова е едно од најлошите изданија на Јунајтед под водство на Тен Хаг!
СледноПартизан убаво се намачи против Спартак