Работнички и натаму со “гази“, нема намера да престане. И натаму, заедно со Гостивар, е екипа која досега нема пораз во новата сезона во ПМФЛ. Попладнево на Арената “Тодор Проески“, тимот од Дебар Маало со 2:1 славеше над Шкупи во скопската пресметка. Регба и автоголот на Пинтер беа доволни за три бода, голот за Шкупи колку да се ублажи беше дело на Георг Стојановски, некогашниот напаѓач на Работнички.
Со овие три бода Работнички е на делба на второто место со Гостивар со 16 бодови, еден помалку од лидерот Шкендија.
Еве како изгледа табелата по 8.коло во ПМФЛ во тековната сезона:
Шкендија 17, Гостивар 16, Работнички 16, Силекс 13, Струга ТЛ 12, Брера 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Беса 8, Вардар 7, Тиквеш 6, Воска 5…