Во Тетово се игра „црвено-црното“ дерби помеѓу Шкендија и Вардар. По само 30 минута Шкендија води со 3:0, а третиот гол кој го постигна Ахмеди беше прекрасен. Тој со лоб удар од косо го погоди голот. Гачевски и фудбалерите од одбраната само го проследија летот на топката во голот.