Виљареал со два гола во финишот славеше победа и скок на третото место во Ла Лига

66
ФОТО: x.com/VillarrealCF

Виљареал ја оправда фаворитската улога и го совлада Лас Палмас со 3:1 во меч од 8 коло во Ла Лига. По овој триумф „жолтата подморница“ е на третото место на табелта со 17 бодови.
Резултатот го отвори Николас Пепе во 45 минута. Во 47 минута изедначи Фабио Силва. Четири минути подоцна Баена постигна гол но беше поништен поради офсајд.
Во 84 минута Терно Бери го врати водството за Виљарел, а точка стави Баена во 97 минута.
Лас Палмас е последнопласиран со три бода и се уште без победа во Ла Лига.
Идното коло Виљареал ќе му гостува на Реал Мадрид, а Лас Палмас ќе игра дома со Селта Виго

ПретходноСаутемптон е распарчен во Борнмут и понатаму е без победа
СледноФудбалерите на Јунајтед веруваат дека му нема спас на Тен Хаг!