Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике го привлече вниманието на неговата прес-конференција со одлуката да не го вклучи Усман Дембеле во тимот за гостувањето на Арсенал во Лигата на шампионите во вторник. Французинот е меѓу најдобрите играчи на тимот од почетокот на сезоната, но сега изненадувачки нема да патува во Лондон. Некои француски медиуми тврдат дека тој и тренерот неодамна имале караница.
Самиот Енрике не ја откри конкретната причина за својата одлука, но сепак одговори на прашањата на оваа тема:
„Да се биде на чело на тим има свои тешкотии. Вчера морав да донесам тешка одлука, но мислам дека несомнено е најдоброто за тимот. Јас би го направил истото сто пати повеќе. Тоа не значи дека одлуката е неповратна, но моментално е најдобро за тимот. Потпишав со ПСЖ со идеја да создадам тим. Ви гарантирам дека до последниот ден овде ќе работам за ова“.
„Не можам да гарантирам дека ќе освоиме титули во Франција или трофеј во Лигата на шампионите. Но, ако не можам да гарантирам дека работам на градење тим, ќе си одам дома. Ме назначија да направам тим од ПСЖ. А во овој тим без сомнение ќе биде и Дембеле, ако некој се сомневаше.
Јас сум искрен во тоа што го кажувам, но не сакам да се претвори во сапуница. Немаше дискусија меѓу нас и Усман, нема никаков проблем. Има само еден проблем помеѓу секој играч и неговите обврски кон тимот – ништо повеќе“.
И додека продолжија прашањата на тема Дембеле, во еден момент Луис Енрике одговори со ироничен гест, мавтајќи со рацете: „Нема што повеќе да се коментира за ова. Како никогаш да не сме изгубивме кога Дембеле бил на теренот. Напротив – изгубивме од Њукасл, Милан, Барселона… Страшно“.
Luis Enrique after a journalist asks him Ousmane Dembélé for the fourth time:
“There is nothing else to add to this topic. It seems we have never lost when Dembélé plays? No. We lost against Newcastle, Milan, home against Barça. Oh how scary eh, how scary. Phewwww.” 🗣️😭 pic.twitter.com/VEbImDKSjO
— PSG Report (@PSG_Report) September 30, 2024