Милошевиќ: На Партизан му треба помош, а јас можам да му помогнам

139

По заминувањето на Александар Станојевиќ, нов кормилар на ФК Партизан е добро познатиот Саво Милошевиќ. Тој се врати во Хумска по четири години, а договорот што го потпиша е на две сезони.
Милошевиќ сега доаѓа во многу покомплексна ситуација за клубот. Партизан не е во добра состојба, ни резултатски ни организациски. Токму тоа го посочи Саво на прес-конференцијата.
Пред месец дена не ни размислував за оваа солуција. Прифатив да дојдам овде, а знам дека сме во тежок момент, како институционално, така и финансиски. На Партизан му треба помош, а мислам дека можам да му помогнам. Јас не сум човек кој бара оправдувања, ако ситуацијата не беше тешка веројатно немаше да бидам овде. Има малку време, првенството е во тек. Многу работи мораме да ги решаваме во од. Немојте да ме прашувате околу структурата на клубот, тоа ќе го знаете на 11 октомври“, изјави Милошевиќ.

Според мене најголемиот проблем на Партизан е дефанзивната линија. Тоа мора многу бргу да се реши. Најмал проблем е анализата. Ако за два-три месеци не се види тоа што го работиме, тогаш не работиме нешто како што треба. Првиот пат дојдов без тренерско искуство, сега сум поискусен после две работи. Ќе бидам внимателен, ќе гледам на основа на негативното искуство на Станојевиќ многу бргу да донесувам одлуки. Фудбалот е составен од милион детали и секој може да пресуди. Ќе се потрудиме да санираме што е можно повеќе детали. Брзо санирање и натпреварувачки фудбал, од тука ќе почнеме. Фокусот ќе биде на резултатите“, додаде новиот тренер на Партизан.

ПретходноИзненадување во Пекинг – Рублев испадна од „анонимус“
СледноИнзаги пред дуелот со Звезда: Тоа ќе биде меч полн со стапици