Еден од ретките активни македонски одбојкарски интернационалци оваа сезона, средниот блокер Филип Савовски, ја почна новата сезона со својата екипа Војводина откако викендов беше тесно поразен во Суперкупот на Србија од екипата на Црвена Звезда. На мечот кој се одигра во Смедерево, белградскиот тим беше подобар од Војводина на Савовски со 3:2 и не дозволи нашиот репрезентативец да ја отвори сезоната со трофеј.
Савовски беше стартер во составот на новосаѓани и во петте сета на неизвесниот натпревар успеа да реализира 8 поени од кои 3 блокади и еден ас.
Новата сезона во Суперлигата на Србија стартува на 4 октомври. Војводина на стартот ќе се сретне со екипата на Таково Горњи Милановац.