Тажна вест: Почина легендарниот Дикембе Мутомбо!

555

Тажна вест попладнево пренесуваат медиумите ширум светот. Имено денеска на 58 години почина легендарниот Дикемнбе Мутомбо, некогашниот кошаркар и центар во НБА. Оваа вест ја потврдија сите релевантни извори а официјално од него се прости и раководството на најсилната лига во светот.

Мутомбо не можеше да ја победи тешката болест, имено тој имаше канцер на мозокот, тоа е причината поради кој славниот Дикембе не е веќе со нас.

По потекло од Конго, Мутомбо беше синоним на екстра квалитетен центар. Мина 18 сезони во НБА и тоа во екипите на Денвер, Атланта, Филаделфија, Њу Џерси, Њујорк и Хјусто. Притоа осумкратен ОЛ-стар и четири пати најдобар дефанзивец во лигата.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Струмичани се разиграа!
СледноКоментар на 8.коло: Продолжува хаосот во мак – фудбалот!