Вчера во Г. Речица за малку ќе се случела голема трагедија. Како што пренесува М-Нет ТВ, а видеото исто така е нејзино, судијата Дарко Радески од Брвеница, е новиот херој во мак фудбалот.
Имено на мечот меѓу Речица и Доброшти во рамките на 3.коло во Трета лига – запад, еден фудбалер паднал на теренот и ја загубил свеста. Судијата Радески експресно се нашол до играчот кој лежел, а играчите биле во паника, но тој веднаш реагирал и му го извадил јазикот на играчот со цел да не дојде до гушење. Тоа помогнало да не дојде до трагедија и затоа секоја чест и големо БРАВО за Дарко Радески.
По тие моменти играчот сега е во добра состојба и може да му заблагодари дека останал жив само на Дарко Радески, судијата кој е новиот херој во мак – фудбалот.
Да споменеме дека оваа вест е преземена од М-Нет ТВ, исто така и видеото.