Синоќа на “Ванда Метрополитано“ имаше и тоа како што да се види. Алетико Мадрид и Реал Мадрид во градското дерби одиграа 1:1, но покрај головите и добрата игра имаше од се по нешто. Дури и десетминутен прекин, имаше провокации, инциденти, фрлање на предмети на терен а кај еден навивач на домашните бил пронајден и нож.
Сепак некако најдолго ќе се паметат провокациите на Тибо Куртоа, голманот на Реал, кон фановите на Атлетико. Инаку пред десет години Тибо беше голман на “јорганџиите“ и беше нивни миленик, за тој тим одигра 154 натпревари. Ретко сме го гледале во такво издание Куртоа.
Сепак за таквите гестови тој како да си имал причина.
Имено медиумите во Шпанија пренесуваат дека фановите на Атлетико извикувале кон него:
“Умри, умри…“.
Тој пак вратил со:
“Да ве чујам погласно, уште, уште…“.
Секако непријатни сцени.
На крај треба да се каже дека поради повреда, здобиена на овој меч, голманот на Реал Мадрид ќе паузира на следните 2-3 меча за својот тим.