Изненадување во Пекинг – Рублев испадна од „анонимус“

68

Кинескиот тенисер Јунчаокете Бу се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг откако го победи рускиот тенисер Андреј Рублев со 7:5 и 6:4 во меч кој траеше еден час и 34 минути.
Бу моментално е 94. тенисер на светот, додека Рублев е шести на АТП листата.
Кинескиот тенисер доби специјална покана за учество на турнирот во Пекинг, а тој направи сензација, па во полуфиналето ќе игра против Италијанецот Јаник Синер.
Во другото полуфинале ќе се сретнат Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Данил Медведев. Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од 3.720.165 американски долари.
Бу по овој турнир ќе игра и на Мастерсот во Шангај. Таму во првото коло ќе игра против Американецот Алекс Микелсен, а победникот од овој дуел ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ.

ПретходноФИФА го суспендирa Самуел Ето
СледноМилошевиќ: На Партизан му треба помош, а јас можам да му помогнам