Инзаги пред дуелот со Звезда: Тоа ќе биде меч полн со стапици

169

Тренер на Интер, Симоне Инзаги пред мечот од 2 коло на ЛШ против Црвена Звезда изјави дека е потребно неговиот тим да покаже концентрација и континуитет на добри игри. Мечот се игра на „Џузепе Меаца“.
Тоа ќе биде натпревар полн со стапици за нас, мораме да бидеме спремни и да покажеме континуитет. Концентрацијата е многу важен елемент, и мораме да се бориме за нашите принципи. Звезда има одиграно девет натпреаври во првенството, имаат одлични елементи на играта и затоа мораме да внимаваме“, изјави Инзаги.

Имаат одлични играчи. Ги гледавме нивните последни натпревари. Тоа е здрав тим кој е многу силен во домашната лига. Европските мечеви секогаш се тешки и ќе мораме да бидеме максимално внимателни во проценките на опасните ситуации“, додаде тренерот на Интер кој додаде дека се уште нема одлучено како ќе изгледа тимот за утрешниот меч.

ПретходноМилошевиќ: На Партизан му треба помош, а јас можам да му помогнам
СледноПознато е колку Јунајтед ќе треба да му плати на Тен Хаг доколку му врачи отказ