Каљари ја впиша првата победа и тоа во Парма (видео)

21
ФОТО: x.com/CagliariCalcio

Екипата на Каљари во шестото коло ја запиша првата победа оваа сезона во Серија А со тоа што славеше на гостувањето кај Парма со 3:2. Тимот од Сардинија добро го отвори мечот, прво му беше поништен гол во 6 минута на Мина, но во 34 минута Надин Зортеа донесе предност.
Парма изедначи во 62 минута преку Денис Ман, а гостите повторно дојдоа до водство преку Разван Марин. Но набргу потоа Парма изедначи на 2:2 со гол од пенал (гол на Хернани), за потоа Каљари повторно да поведе и да победи со 2:3 со гол на Роберто Пиколи.

Идното коло Каљари му гостува на Јувентус, додека Парма оди на гости кај Болоња.

ПретходноВинисиус се спречка со Коке: Јас имам две титули во ЛШ, а ти ништо!
СледноСаутемптон е распарчен во Борнмут и понатаму е без победа