Можеби е одличен играч, еден од најдобрите во светот според својот потенцијал, но пред заради својот проблематичен карактер никогаш не го искажува сиот свој раскошен талент. Така беше во Барселона, еве така е и во ПСЖ. Се разбира дека тука мислиме на Усман Дембеле, најголемата ѕвезда на ПСЖ од Париз и репрезентативец на Франција.
Последните вести говорат дека Дембеле не е на списокот со играчи на кои шефот на струката на “светците“ Луис Енрике смета за утрешниот меч со Арсенал во ЛШ. Познато е дека во последните неколку дена нивните односи не се во најдобар ред, посебно по мечот со Рен, па Шпанецот се чини дека немаше друг избор освен да го исфрли проблематичниот Демеле надвор од тимот.