Националната боксерска федерација доби нов претседател

172

Викендов во Скопје се одржа вонредно изборно Собрание на Националната боксерска федерација на кој беше избран нов претседател. На местото на досегашниот прв човек Фатон Салиху, кој поради лични причини поднесе оставка, доаѓа досегашниот прв човек на Боксерскиот клуб Куманово 84, Кристијан Андреевски.

Андреевски беше едногласно изгласан од 29 клуба кои беа присутни на Собранието и му ја дадоа комплетната поддршка да ја води Федерацијата. На Собранието беше избран и нов Управен одбор и нов потпретседател и технички секретар.

ПретходноСимеоне: Прекинот беше одличен за нас, задоволен сум со реми
СледноМајстор си е мајстор и на 39 години: Модриќ на мадридското дерби немаше погрешно додавање!