Несудениот директор на Шкендија: „Не треба да им веруваш на Србите!“

483

Како сензација и шок одекна веста дека Србија и Албанија заеднички ќе го организираат ЕП 2027 за младинци. Секако дека во нормална Европа ова не е ништо посебно, но на Балканот и тоа меѓу две земји и народи кои премногу не се “мирисаат“ ова е сензација.

Свој коментар за ова имаше еден од најдобрите фудбалери на Албанија во историјата, инаку роден во Приштина, Лори Цана. Интересно за него е што во два наврати тој беше пред промоција како спортски директор на Шкендија, беше и на прославата на титулата во Тетово во 2019 година.

Цана за медиумите истакна:

Претседателот на ФС Албанија Арманд Дука има одлични планови за развој на фудбалот во својата земја, тоа мора да се респектира и јас го почитувам, но…јас го говорам она што искрено го мислам. А тоа е дека на Србите не треба да им се верува. Познато е што се случуваше во Белград на тој меч, познато е дека српските фудбалери тогаш се ставија во наша заштита, но јас мислам дека и тогаш не беа искрени. Јас го знам ставот на Србите кон нас. Дука не знае со кого има работа. Да, ова е одличен проект, но можеби за во иднина, можеби за некои поубави времиња“ посочи Цана.

ПретходноКоментар на 8.коло: Продолжува хаосот во мак – фудбалот!
СледноОна кога Јокиќ купува бурек и ѓеврек! (ФОТО)