Фановите на Работнички со реакција: “Гневот е насекаде“!

170

КК Работнички како наш најголем кошаркарски бренд, како наш најтрофеен клуб одамна не е веќе таму каде што треба да биде. Резултатите ги нема, клубот е во очајна состојба, ни “Р“ од славниот Работнички.

Токму затоа навивачката група на Работнички “Сити Парк Бојс“ денеска излезе со официјално соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

ГНЕВОТ Е НАСЕКАДЕ!!!

Кој дојде ќе се слика, ќе продава магла и од сето тоа само РАБОТНИЧКИ страда.

Премногу прашања се поставуваат ама некој не може или не сака на истите да одговори.

Одговорете на следните прашања.

Дали е точно дека генералниот спонзор се повлекол од договорот со КК Работнички ?

Дали е точно дека наместо 400 000евра(според договорот) за оваа сезона и 500 000евра за идната сезона е потпишан некаков си АНЕКС(јавно објавете го исто како што беа објавени делови од договорот) на смешна сума во однос на тоа што следуваше?

Дали е точно дека средствата наменети за КК Работнички завршија и ќе завршат во други клубови и федерации?

Дали е точно дека имате неподмирени рати за минатата сезона и кога истите ќе ги исплатите?

Со огромна доза на гнев

Група Гневни Граѓани

ПретходноУ-21: Канатларовски го објави списокот за натпреварите со Молдавија и Грузија!
СледноЛуис Енрике го исфрли Дембеле од тимот на ПСЖ! (ФОТО)