Фламенго го отпушти Тите, на клупата седнa некогашна легенда на Атлетико Мадрид

257

Славниот бразилски клуб Фламенго му врачи отказ на тренерот Тите и покрај тоа што на последниот меч славеше победа над Атлетико Параненсе со 1:0 во бразилската лига. За време на мечот навивачите му свиреа на тренерот јавно искажувајќи го незадоволството од работата на тренерот. Тите имаше договор до крајот на годината, но од клубот решија да го тргнат од позицијата.
На негово место седнува поранешниот обранбен играч на Атлетико Мадрид, Филипе Луис кој до сега беше тренер на една од младите селекции на клубот.
Фламенго минатата седмица изгуби во четвртфиналето од Купот на Либертадорс, а моментално е четврти во бразилската лига со 48 бодови од 27 натпревари, 11 помалку од водечкиот Ботафого.

ПретходноБарселона го врза талентот со нов договор и откупна клаузула од 500 милиони евра
СледноВинисиус се спречка со Коке: Јас имам две титули во ЛШ, а ти ништо!