Мајстор си е мајстор и на 39 години: Модриќ на мадридското дерби немаше погрешно додавање!

105

И на 39 години, мајстор си е мајстор. Вака може да се опише синоќешниот настап на хрватскиот ветеран Лука Модриќ на големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал. Средбата заврши без победник (1:1), а хрватскиот репрезентативец средбата ја заврши без погрешно додавање!

Модриќ на теренот мина 85 минути, а имаше и 72 допири со топката. Имаше три клучни додавања, најмногу на мечот, четирипати ја враќаше топката и ги испорача сите пет долги топки. Бројките со кои воодушеви се однесуваат на неверојатните 58 додавања и сите беа точни.

Капитенот на хрватската репрезентација на тој начин стана единствениот играч во најдобрите пет лиги кој го имал овој учинок, а имал 40 или повеќе додавања.

ПретходноНационалната боксерска федерација доби нов претседател
СледноПогачар испиша историја за словенечкиот велосипедизам