Никола Јокиќ во моментов е најдобриот кошаркар во светот. Центарот на Денвер и српската репрезентација сепак, барем кога е на одмор, не се придржува премногу кон строгите диети како останатите спортисти од највисок ранг. Кога прославува, како после ОИ во Париз, знае да испие малку повеќе алкохол, но и тоа е во ред ако си Јокиќ.
Познато е дека како мал бил буцко, но и сега знае во својот Сомбор да влезе во пекарница и да си купи бурек и ѓеврек, само не знаеме дали 1/4 бурек или цела пита.
Оваа фотографија е направена од жители на неговиот Сомбор пред да замине во САД.
Па во Денвер нема таков бурек…