ТИМ И ИГРАЧ НА 8.КОЛО: Регба го “скрши“ Шкупи!

156

Уште едно одлично, повеќе од квалитетно издание на Работнички и победа над големиот ривал Шкупи со 2:1 во градската пресметка. Секако дека Али Регба, офанзивецот на Работнички, беше најзаслужен, зошто го постигна првиот гол а за вториот беше асистент кога Пинтер си даде смешен автогол. Поради ова според “СпортСпорт“ Али Регба е играч на 8.коло, тој едноставно го “скрши“ Шкупи.

Покрај него од Работнички во тимот на колото е и Садик. Останатите во идеалниот состав на ова коло се Захов и Селмани (Беса), Наумчевски и Ристовски (Брера), Трумчи, Ахмеди и Ибраими (Шкендија), Кехинде (Струга ТЛ) и Ајдоган (Гостивар).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АЛИ РЕГБА

Тим: Работнички

Роден: 14.01.2000 (Алжир/Р. Ирска)

Кариера: Бохемианс, Лестер У-21, Белоуиздад, Работнички

ПретходноАтаман: Нека се радуваат, ние повторно ќе бидеме шампиони и ќе ја освоиме Евролигата
СледноБраво: Судијата Дарко Радески му го спасил животот на фудбалер во меч во Трета лига – запад! (ВИДЕО)