Атлетико Мадрид ја изрече првата доживотна забрана за навивач!

130

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид му изрече доживотна суспензија на симпатизер на тимот кој полицијата го идентификуваше затоа што фрли предмет на теренот за време на дербито против Реал Мадрид. Овој дуел беше прекина на 20-тина минути токму поради многуте предмети кои летаа од трибините кон голманот на Реал Мадрид – Тибо Куртоа. Ова се случи по голот на гостите во вториот дел, но Атлетико сепак израмни во судиското надополнување.

„Нашиот безбедносен оддел ќе работи заедно со полицијата додека не бидат идентификувани сите инволвирани во инцидентот. Тие ќе добијат неопределена забрана за посета на стадионот“, објави Атлетико.

Шпанскиот клуб додаде дека е забрането да се носи облека или маски на стадионот што може да ги користат приврзаниците за да го сокријат својот идентитет.

ПретходноФлик: Не го гледав дербито! Но, тоа не е дел од фудбалот!
СледноНов термин за дуелот меѓу ГРК Тиквеш и Алкалоид!