Вечерва на “Меаца“ од 21 часот во Милано, се игра меч од 2.коло во ЛШ меѓу Интер и Ц. Звезда. Интересен натпревар посебно за Дарко Панчев, фудбалерот на 20 век во Македонија. Секако дека тој деновиве беше баран од медиумите во Италија и Србија да даде свој коментар, а беше запрашан и за тоа за кого ќе навива вечерва.
Еве што одговори “Кобрата“, некогаш најдобриот напаѓач во Европа:
„Јасно е за кого ќе навивам. Искрено мене Ц. Звезда и Вардар ми се се во животот. Мене Ц. Звезда ме научи како да постојан на овој свет. Интер е фаворит, но во фудбалот ништо не се знае однапред“ рече Пачев за “Газета дело Спорт“.
Тој во големото интервју се наврати на моментите кога беше член на Интер и посочи дека му било грешка што дошол меѓу “неро-аѕурите“.
На крајот ја кажаа и изјавата на славниот Марко Ван Бастен за него:
“Дарко добро направи што дојде во Милано, но само ја погреши адресата“.