ЛШ: Арсенал го „реши“ ПСЖ, потоп за Селтик во Дортмунд, Барса, Сити и Интер немаа мака (ВИДЕО)

57

Иако требаше да биде вистинско дерби на вечерта и на ова 2. коло во ЛШ, мечот во Лондон меѓу Арсенал и ПСЖ им припадна на домашните со 2:0 со убедлива игра во двете полувремиња. Одлуката за победникот падна во првите 45 минути кога најпрво Хаверц во 20′ погоди за 1:0, а потоа во 35′ по еден слободен удар Сака го изненади Донарума за 2:0.

Просто неверојатно е како Милан не успеа да остане непоразен во Леверкузен на мечот со Баер. Домашните на крајот славеа со 1:0, но Милан во вториот дел промаши најмалку три зицери за израмнување. Голот за победа и три бода за германскиот шампион го постигна Бонифаце во 51′.

Барселона се прошета на мечот со Јанг Бојс и без поголема мака дојде до убедливи 5:0. Левандовски постигна голови во 6′ и 51′, а по еден гол запишаа и Рафиња 34′ и Мартинез во 37′. Петтиот гол беше всушност автогол на гостинскиот фудбалер Камара во 81′.

Борусија (Д) го прегази Селтик со 7:1. Свое шоу вечерва на „Сигнал Идуна Парк“ имаше Карем Адејеми кој постигна хет-трик, а два гола постигна Гираси (еден од пенал), еден Емре Џан (пенал) и еден во самата завршница Нмеча. За гостите единствениот гол беше дело на Маеда.

Интер исто така немаше никакви проблеми да дојде до убедлива победа на мечот со Црвена Звезда. Чалханоглу со еден прекрасен гол од слободен удар отвори за водство на домашните од 1:0, а останатото се случуваше во вториот дел. Следуваа погодоците на Арнаутовиќ, Лаутаро и

Убедлива победа и за англискиот шампион Манчестер Сити на гостувањето во Братислава. Слован беше поразен со високи 0:4, а головите за Сити ги постигнаа Гундоан во 8′, Фоден 15′, Халанд 58′ и Мекати 74′. Ова беше прв триумф на Манчестер Сити сезонава, по ремито со Интер.

ПСВ можеше да смета на победа над Спортинг, но упорните гости на пет минути пред истекот на 90. минути на мечот во Ајндховен погодија за 1:1. ПСВ победе во 15′ со голот на Шутен, но Браганка успеа да израмни во 85′ за бод за гостите од Лисабон.

ПретходноЛампард на прашањето Меси или Роналдо: Лео поединечно е најдобар, но…