Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид му изрече доживотна суспензија на симпатизер на тимот кој полицијата го идентификуваше затоа што фрли предмет на теренот за време на дербито против Реал Мадрид. Овој дуел беше прекина на 20-тина минути токму поради многуте предмети кои летаа од трибините кон голманот на Реал Мадрид – Тибо Куртоа. Ова се случи по голот на гостите во вториот дел, но Атлетико сепак израмни во судиското надополнување.
„Нашиот безбедносен оддел ќе работи заедно со полицијата додека не бидат идентификувани сите инволвирани во инцидентот. Тие ќе добијат неопределена забрана за посета на стадионот“, објави Атлетико.
Atlético de Madrid wishes to express its rejection of the throwing of objects that took place from a section of the south stand in the 68th minute of the match vs Real Madrid. The club’s Security Department has been working with the police to locate those involved, one of whom… pic.twitter.com/bqFaRfoWhe
— Atlético de Madrid (@atletienglish) September 29, 2024
Шпанскиот клуб додаде дека е забрането да се носи облека или маски на стадионот што може да ги користат приврзаниците за да го сокријат својот идентитет.