Со оглед на тоа дека нашата најдобра репрезентација во понеделник го има собирот за дуелите со Летонија (10.10) и Ерменија (13.10) во Лигата на Нации, последното коло во ПМФЛ пред октомвриската пауза се игра во сабота наместо во недела. Па така на 05.10 од 14 часот се играат средбите Пелистер – Тиквеш, Шкупи – Брера, Воска – Работнички, Гостивар – Беса, Вардар – Струга ТЛ и Силекс – Шкендија.
Од друга страна редовното 7.коло во ВМФЛ се игра во недела наместо во сабота, исто од 14 часот.
Утре во ракмките на 1/16 финалето на Купот на Македонија од 14 часот се играат трите последни меча.
Башкими со оглед на тоа дека неговиот стадион во Куманово е под суспензија, својот меч со Воска ќе го одигра во Гостивар и тоа бесплатно, барем така се пофалија на своите социјални мрежи кумановци.
На останатите два меча се среќаваат Гостивар – Победа (Скопје) и Беласица – Македонија ЃП (Струмица).
Инаку Башкими својот меч од 7.коло во ВМФЛ во недела против Победа ќе го одигра на својот стадион со оглед на тоа дека утре ќе му истече суспензијата.