Дарко Панчев пред дуелот Интер – Ц.Звезда: Јасно е за кого ќе навивам!

1945

Вечерва на “Меаца“ од 21 часот во Милано, се игра меч од 2.коло во ЛШ меѓу Интер и Ц. Звезда. Интересен натпревар посебно за Дарко Панчев, фудбалерот на 20 век во Македонија. Секако дека тој деновиве беше баран од медиумите во Италија и Србија да даде свој коментар, а беше запрашан и за тоа за кого ќе навива вечерва.

Еве што одговори “Кобрата“, некогаш најдобриот напаѓач во Европа:

Јасно е за кого ќе навивам. Искрено мене Ц. Звезда и Вардар ми се се во животот. Мене Ц. Звезда ме научи како да постојан на овој свет. Интер е фаворит, но во фудбалот ништо не се знае однапред“ рече Пачев за “Газета дело Спорт“.

Тој во големото интервју се наврати на моментите кога беше член на Интер и посочи дека му било грешка што дошол меѓу “неро-аѕурите“.

На крајот ја кажаа и изјавата на славниот Марко Ван Бастен за него:

Дарко добро направи што дојде во Милано, но само ја погреши адресата“.

ПретходноМилевски утре ќе го објави списокот за дуелите со Летонија и Ерменија!
СледноЛитванија против Македонија со славниот Куртинаитис како селектор!