ЛШ: Брест покажа дека е махер за Австријци, Штутгарт не успеа да ја победи Спарта (ВИДЕО)

44

Фудбалерите на Брест се првиот тим во новиот формат на Лигата на шампионите на УЕФА кои имаат две победи по првите две кола. Откако во првата рунда беа подобри дома од екипата на Штурм, Французите вечерва им одржаа лекција на уште едни Австријци, екипата на Салцбург. Брест славеше на гостувањето со 4:0 и веќе направи повеќе од одличен старт во најсилното европско клупско натпреварување.

Головите за победата на гостите беа дело на Сима (24′ и 70′), Камара 66′ и Лаге 75′.

Во вториот меч од втората рунда кој се одигра вечерва, екипата на Штутгарт не успеа ниту во вториот меч да ја оствари првата победа. германците на домашен терен одиграа само 1:1 против екипата на Спарта П. Домашните поведоа рано со голот на Милио во 7′, додека гостите успеаја со еден прекрасен погодок на Каиринен од слободен удар во 32′ да се изборат за реми, кое умешно го сочуваа до самиот крај на мечот.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноМагдебург и Веспрем во финалето на Светското клупско првенство во Каиро
СледноФА го поништи црвениот кратон на Бруно, ќе може да игра веќе на следниот меч