Петровиќ: Среќен сум за победата, но не смеевме да дозволиме драма на крајот

111

Кошаркарите на Пелистер со победа тргнаа во новата сезона од АБА 2 лигата. Тренерот Петровиќ, по мечот со Широки изјави дека е среќен за првата победа, но во никој случај неговите момци не смееше да дозволат драма во финишот на мечот.

„Не требаше да дозволиме да има драма. На четири минути до крајот имавме 13 разлика и напад, но непромисленоста доведе до крајно драматична завршница. И на крајот имавме контрола врз резултатот, знаевме што сакаме во нападите и кој играч да заврши кој е најважен. Им честитам на моите момци кои го дадоа својот максимум од прв до последен. Навистина играме во извонредна атмосфера, мислам дека за следниот натпревар ќе имаме повеќе публика. Среќен сум за првата победа. Ова е огромна и историска победа за Пелистер во Битола“, вели Петровиќ.

ПретходноФА го поништи црвениот кратон на Бруно, ќе може да игра веќе на следниот меч
СледноМесто 10 милиони, ако сега го отпуштат ќе треба да му платат 17,5 милиони фунти!