Откако му пропадна трансферот во Индија, исто така му пропадна и можноста да игра во елитната лига во Бугарија, и тоа во ЦСКА Софија, славниот Марио Балотели најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Шпанија. Сепак супер – Марио нема да потпише за некој елитен клуб од Ла Лига, туку за извесен Интерсити, клуб кој се натпреварува во третата лига во таа земја.
Интерсити е клуб од Аликанте и новата сезона не ја започна баш најдобро, па се надева дека со помош на некогаш еден од најдобрите напаѓачи во светот ќе ја подобри состојбата на табелата.
Инаку на некогашната голема ѕвезда на Интер и Манчестер Сити, како и на селекцијата на Италија, последен клуб му беше Адана Демирспор за кој настапува и нашиот млад стопер Јован Манев.