УЕФА го избриша судијата кој се закануваше со смрт на фудбалер!

82

УЕФА соопшти дека го отстранила италијанскиот судија Фабио Мареска од денешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу ПСВ и Спортинг во Ајндховен.

Мареска требаше да биде четврти судија, но тој беше избришан од списокот бидејќи на мечот од кувајтското првенство меѓу Кувајт и Ал Араби му се закануваше на еден од играчите со смрт.

Тој беше јавно обвинет за закани, а УЕФА брзо реагираше и го тргна од списокот за натпреварот од Лигата на шампионите.

ПретходноПолуфинална битка за Начевски и Николов на „Супер Глоуб“
СледноБојиќ пред Широки: Да излеземе на терен и да го покажеме вистинското лице!