Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше пред денешниот натпревар на „граѓаните“ против Слован (Братислава) во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
„Кога четири пати по ред сте го освоиле едно од најтешките првенства во светот и Лигата на шампионите пред две години, нормално е да бидете фаворит. Сепак, ова не ни дава водство од 2-0 пред натпреварот. Почнуваме со 0:0 на истиот терен. Мора да се докажеме“, изјави Гвардиола.
Шпанскиот тренер истакна дека нема да го потцени противникот и ќе излезе со доволно добри играчи.
„Ќе го искористиме најдобриот можен состав за да се бориме и да победиме. Имаме голема почит кон нив и белегот што го оставаат, но ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил“, додаде Гвардиола.