Клоп одликуван со Орден за заслуги на Германија

27

Германскиот фудбалски стратег Јирген Клоп, кој летово замина од клупата на Ливерпул и најави дека сака да се одмори од тренерската работа, денеска беше одликуван со Федерален орден за заслуги од претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, на церемонија во палатата Белви во Берлин.

Клоп беше меѓу 28-те наградени кои добија признание за „исклучителен придонес за вредностите на демократијата“.

Модераторката на настанот го претстави Клоп како добитник на наградата, истакнувајќи дека поранешниот тренер „станал одличен модел за многумина и извонреден фудбалски амбасадор, многу подалеку од светот на спортот“.

ПретходноМесто 10 милиони, ако сега го отпуштат ќе треба да му платат 17,5 милиони фунти!
СледноЛампард на прашањето Меси или Роналдо: Лео поединечно е најдобар, но…