Манчестер Јунајтед ќе мора да му плати 17,5 милиони фунти на тренерот Ерик тен Хаг доколку предвреме реши да го отпушти од функцијата. Ова го објави новинарот Ричард Мартин.
Според изворот, управата на „црвените ѓаволи“ би му исплатила на холандскиот стручњак 10 милиони фунти (12 милиони евра) доколку одлучеше да го отпушти минатото лето. Сепак во текот на летото, договорот на Тен Хаг му беше продолжен до 2026 година, апа сега скокна и сумата за евентуалната отштета при отказ.
Сега 17,5 милиони фунти е половина од сумата што Манчестер Јунајтед ја заштеди по отпуштањето на 250 вработени како дел од оптимизација на трошоците, па ако реши да го отпушти Холанѓанецот ќе ја загуби и заштедата со затворањето на работните места во клубот.