Синот на Ибрахимовиќ повикан во репрезентацијата!

226

Максимилијан Ибрахимовиќ (18) за првпат е повикан во јуниорската репрезентација на Шведска. Ништо спектакуларно ако сепак не се знае дека тој е син на легендарниот Златан Ибрахимовиќ. Младиот напаѓач пред неколку месеци го потпиша својот прв професионален договор со гигантот од Милано, а познато е дека неговиот татко, славниот Златан, пред неколку месеци и официјално стави крај на својата блескава играчка кариера. Сега е еден од првите луѓе на Милан.

Инаку Максимилијан игра за младинските екипи на Милан во Примавера.

Одлично му оди во Примавера, убаво ќе биде да го видиме Максимилијан во нашето друштво“ истакна Андреас Петерсон, селекторот на јуниорската селекција на Шведска.

ПретходноВести од ФФМ: 9.коло во ПМФЛ се игра во сабота, Башкими утре во Купот домаќин во Гостивар!
СледноСер Алекс се повлекол од Јунајтед поради Роналдо и Бејл!