ФА го поништи црвениот кратон на Бруно, ќе може да игра веќе на следниот меч

123

Бруно Фернандеш ќе биде достапен за следните три натпревари на Манчестер Јунајтед во Премиерлигата, откако денеска му беше поништен црвениот картон кој го доби викендов на мечот против Тотенхем.

Фернандеш доби директен црвен картон откако го удри Џејмс Медисон од Тотенхем во потколеницата по опасен старт, иако се чинеше дека се лизна за време на акцијата без намера за старт над противничкиот играч. Судијата Крис Каванаг оцени дека фаулот е опасно играње, а судијата во ВАР ја потврди одлуката.

Сепак, по жалбата на Манчестер Ј., ФА ја преиначи одлуката и ја укина суспензијата за Португалецот. Тоа значи дека тој ќе може да игра на натпреварите против Астон Вила, Брентфорд и Вест Хем.

ПретходноЛШ: Брест покажа дека е махер за Австријци, Штутгарт не успеа да ја победи Спарта (ВИДЕО)
СледноПетровиќ: Среќен сум за победата, но не смеевме да дозволиме драма на крајот