Како што дознаваме, Државна Видеолотарија Касинос Австрија нема веќе да биде спонзор на Фудбалската федерација на Македонија. Се очекува наскоро ова да биде и официјално објавено. Ова значи дека ФФМ ќе остане без тие 300.000 евра на две години, колку што е договорот, сума која ја добиваше во текот на изминатиот период од својот спонзор ВЛТ.
Инаку ова е се поради последните настани поврзани со мак – фудбалот како и последните случувања во Фудбалската федерација и пред се неетичкото однесување на претседателот на ФФМ.
По ТВ Арена Спорт, Државна Видеолотарија е втората фирма која му “раскинува“ на ФФМ, а се најавува дека и некои други спонзори имаат намера да ја раскинат соработката со Фудбалската федерација на Македонија.
Се раситнува полека кругот на поддршка околу Сејдини. На крај ќе остане сам со двајца – тројца поддржувачи и тогаш ќе има можност да работи на нотарски а не на фудбалски проблеми.