Милевски: Трапановски отпадна поради повреда, Стојчевски е повикан поради картоните на Зајков и Серафимов

237

Откако денеска и официјално го објави списокот на повикани фудбалери за октомвриските дуели со Летонија (10.10) и Ерменија (13.10) на гостински терен, селекторот на А-репрезентацијата, Благоја Милевски, пред новинарите зборуваше за изборот на фудбалерите и очекувањата од гостинскиот двомеч.

„Списокот е тој што е. Имаме повреди кои не се планирани. Трапановски не е тука поради повреда заработена на тренинг. Трајковски се надевам дека ќе биде добро и ќе се приклучи во тимот. За жал Дарко Велковски се уште нема клуб и не е во посакуваната форма и она што се очекува од него. Останатите се надевам дека ќе бидат во ред и дека ќе бидат на посакуваното ниво. Не очекуваат уште 4 меча. Сите се важни. Овие два против Летонија и Ерменија се битни исто како и останатите. Ме радува што ние се прашуваме за распоредот на табелата“, вели Милевски.

За изборот на фудбалерите и некои од оние кои ги нема во овој октомвриски циклус, Милевски додаде: „Разговарано е со Агон Елези. Не сум задовоолен од неговиот статус во клубот. Тој е играч кому му е потребна минутажа. Андреј Стојчевски е повикан поради картоните на Серафимов и Зајков. Многу пати сум рекол дека во моментов најважно е здравјето. За натпреварувачка форма не може да се зборува, затоа што многумина имаат проблеми со минутажата. Тимот се гради со години и не може да се менува од меч во меч. Ова е најдоброто што Македонија го има. Задоволен сум ако и после овие два меча останеме на првото место во групата“, заврши селекторот.

ПретходноМилевски го објави списокот: Стојчевски и Илиевски од У21 доаѓаат кај сениорите
СледноЛШ У-19: Брера на “Кошево“ со победнички мисли!