Сака: Гладен сум за победи, ќе ја освоиме Премиер лигата

48

Крилниот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака изјави дека оваа сезона „топчиите“ мора да освојат трофеи. Тој во прв ред вели дека сака да ја освои англиската Премиер лига, но секако и дел од останатите натпреварувања во кои Арсенал почна одлично.

„Оваа сезона сум многу гладен за победи. Честопати во минатото завршувавме втори во Премиер лигата и тоа ме тера да сакам уште повеќе да ја освојам Премиер лигата. Јас верувам во себе. Тоа е она што ми помага да одам напред“, изјави Сака, по вчерашната победа над ПСЖ во Лигата на шампионите.

ПретходноЛШ: Астон Вила го предизвикува Баерн, Ливерпул и Реал по нови победи
СледноМакедонија до 19 години на квалификациски турнир во Лукесмбург, Станојковиќ го објави списокот!