АП Брера е поразен во Сараево и го заврши настапот во младинската ЛШ

489

Младите фудбалери на Брера У19 се елиминирани од младинската Лига на шампионите уште во првото коло по поразот вечерва на „Кошево“ со 2:0 од тимот на Сараево. На првиот меч резултатот беше 2:2, а струмичани имаа обврска да победат на гости.

По првото полувреме немаше голови. Сараево го отвори резултатот во 56. минута преку Игнатков. Во 61 минута надежите на Брера за поволен резултат се намалија кога Ристов поради втор жолт картон мораше да го напушти теренот.

Во 80. минута Хамжиќ ги постави конечните 2:0. Сараево се пласира во наредната рунда, а Брера ги заврши настапите во Европа за оваа сезона.

Во второто коло од ЛШ, Сараево ќе игра против Макаби Петах Тиква од Израел.

ПретходноВардар продолжи победнички, Пелистер се рехабилитираше
СледноМиовски промаши пенал на дебито во ЛШ! (видео)