Тренерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека е задоволен од тоа како тимот го одиграл натпреварот против Пари Сен Жермен.
Премиер-лигашот го победи францускиот тим со 2:0 во второто коло од Лигата на шампионите.
„Повторно покажавме дека можеме да бидеме доминантни против ваков противник, постигнавме два гола. Имавме три одлични шанси да го постигнеме третиот гол. Секоја чест и за нив, за измените кои ги направија, имавме повеќе проблеми за да продолжиме да играме како во првото полувреме“, изјави Артета,
Тренерот на Арсенал изјави дека е рано да се гледа на табелата, дека сите екипи очекуваат многу потешки натпревари на домашен и на гостински терен.
„Се уште не знаеме колку бодови ни се потребни, единственото нешто на кое можеме да се фокусираме е нашиот настап и да се обидеме да победиме на сите натпревари, како што направивме сега. Сега се фокусираме на натпреварите од Премиер-лигата“, нагласи Артета.
Клубот од Лондон по две кола од ЛШ има четири бода и е на осмото место.
Фудбалерите на Арсенал во сабота од 16 часот ќе играат против Саутемптон, натпревар од седмото коло во Премиер-лигата.